Економија, финансии, бизнис

Контакт

Уште еден активист на „Шарената револуција“ побаран на распит во МВР

Уште еден активист на „Шарената револуција“ побаран на распит во МВР

МВР го бара за распит и активистот Замир Мехмети кој воедно е редовен учесник во протестите на „Шарената револуција“.

Како што пренесуваат дел од медиумите во текот на вчерашниот ден полициски службеници го побарале во неговиот дом вчера, но бидејќи немало никој дома, од полицијата навестиле дека денеска ќе добие покана.

Мехмети за Нова вели дека информацијата ја добил од демонстранти и дека очекува поканата да му стигне денеска.

Добив информација од адвокатот на други две демонстрантки, кој ќе биде и мој застапник дека уште од вчера ме барале, но немаше никој дома. Денеска е дома мајка ми, така да очекувам дека ќе ја достават поканата за распит. Јас и претходно кажав дека не бегам јас од тоа, ниту се кријам од некого, во моментот кога ќе добијам покана ќе се појавам во станица“, рекол тој за Нова.

Причините зошто Мехмети е повикан во полиција засега не се познати, но сепак повикот следи откако активистот во саботата имаше жесток говор упатен директно до министерот Чавков во кој му порача дека иако праќа вработени со камери да ги снимаат на протестите тоа нема да ги заплаши оти битката за слобода е поважна од се.

Слично

Поврзани вести