Уште две пратенички на СДСМ против одлуката за враќање на мандатите?!
Уште две пратенички на СДСМ, најверојатно нема да ја прифатат одлуката за бојкот на собраниетот. Како што јави Алфа, станува збор за Солза Грчева и Љубица Буралиева, кои според телевизијата поднеле барање до Собранието за повлекување на оставките.
Солза Грчева е професорка на ФОН, а беше на 6-та позиција на пратеничката листа во првата изборна единица, додека Љубица Буралиева е новинар во МТВ, беше на 4-та позиција во втората изборна единица.
Ваквиот чекор на двете пратенички нема да го поколеба СДСМ во намерата за бојкот, велат изворите од партијата.
Претходно на бојкотот не се придружи Роза Топузовска од ЛДП.
Слично
