Уште две македонски возила останаа без таблички во Грција
Два нови инциденти на кражба на македонски таблички во Грција биле пријавени на граничниот премин Богородица.
Првиот случај е пријавен од велешанец кој возел „опел вектра“ со велешки регистарски ознаки. Тој пријавил дека завчера во туристичкото место Катерини му ги украле двете регистарски таблички од автомобилот. Вториот случај го пријавил жител од општина Чешиново-Облешево, кој управувал патничко моторно возило марка „пежо“. Нему ден порано во туристичкото место Лефкада исто така му ги украле двете регистарски таблици.
Со ова бројот на возила со украдени таблички во Грција се искачи на девет, додека три возила биле оштетени и испрскани со спреј.
Новите инциденти исто така биле пријавени во грчката полиција, која изготвила записник.
Слично
