УШТЕ ЧЕТИРИ ДЕНА: ДИК уверува дека ќе се исчисти списокот, јавноста неупатена!
Ќе успеат ли членовите на Државната изборна комисија да ја вратат довербата во Избирачкиот список кај граѓаните?
Прашање за кое многумина се песимисти, според досегашните одвивања на работите.
Рокот за прочистување на ИС истекува за четири дена од оваа институција сѐуште молк што е и до каде е.
Она што го брифираат медиумите повикувајќи се на официјални претставници од ДИК е дека повторно ќе се проверуваат оние 40.000 спорни гласачи кои не биле најдени дома при теренската проверка.
Реџеп Прекопуца за ТВ21 вели дека роковите ќе се запазеле и до 15 април ќе се финализираат резултатите од теренската проверка.
1129 гласачи пак е бројката која ќе се брише од дата базите на МВР.
Од ДИК одбегнуваат да коментираат јавно за работата околу Избирачкиот список а партиите се тие кои лицитираат со бројки.
Несогласувањата во Комисијата се забележани и понатаму. Партиите постојано ги судираат мислењата и се јавуваат големи конфронтации меѓу нив.
