УШТЕ ЧАДИ ОД КИНЕСКИОТ ТРГОВСКИ ЦЕНТАР: Во страшниот пожар во Белград изгубени се милиони
По речиси десетчасовна борба, пожарот што избувна синоќа во кинескиот трговски цента, во Нов Белград, во блокот 70 беше локализиран и ставен под контрола. Густ, црн чад е видлив над трговскиот центар.
Шефот на обезбедувањето за српските медиуми вели дека пламенот почнал од ресторанот, а покривот веднаш се запалил бидејќи станува збор за монтажна зграда.

Како што рече, предизвикана е огромна штета, а луѓето загубиле милиони во овој пожар
Продавниците се целосно уништени, а кинеските сопственици цела ноќ ја поминаа пред трговскиот центар во обид да заштитат дел од стоката.
Еден дел од стариот трговски центар изгоре, другиот дел го спасиле пожарникарите. Продавниците се отворени, но не работат, еден од работниците рекол дека иако не се оштетени, нема да работат во наредните 7 дена.

Поради ветрот се шири голема количина чад, па жителите на Нов Белград, а особено околните згради, не смеат да ги отвораат прозорците.
