Економија, финансии, бизнис

Контакт

Уште 5 години загубени за економијата, СДСМ прашува, каде е ДУИ?

Уште 5 години загубени за економијата, СДСМ прашува, каде е ДУИ?
Македонија може да изгуби нови 5 години на политички и економски план, доколку Груевски продолжи со своето инаетење и не го прифати предолгоот на опозицијата за одлагање на изборите, смета потпретседателто на СДСМ Зоран Јовановски. Тој на својот фејсбук профил ги повтори уште еднаш барањата и ставовите на Здружената опозиција. Предлозите на опозицијата се, да се пролонгираат локалните избори за месец дена за да се вградат потребните измени во изборниот законик (за кои и власта вели дека се потребни), и доколку опозицијата на локалните освои еден глас повеќе на советничките листи – предвремени парламентарни во септември. „Поразумен и пофер предлог, здравје“ пишува Јовановски. Тој потенцира дека во таков случај „Опозицијата би била назад во парламентот и би учествувала на локалните избори.“ Јовановски смета дека веќе на сите им е јасно (домашни, странци) дека опозицијата не блефира  додавајќи дека Стевчо Јакимовски е тука сосема небитен. Ако Груевски не го прифати предлогот (има време за политички договор до 24 март) Македонија ќе добие негативен извештај од ЕУ, а можеби и одземена препорака за преговори. Сега сите светла се насочени кон Груевски – истакнува Јовановски и поставува две прашања. -Дали на Груевски му е поважен интересот и иднината на Македонија или неговиот интерес (личен и партиски)? - Знаејќи каков негативен ефект на нашиот пат кон ЕУ и НАТО би имал инаетот на ВМРО-ДПМНЕ и неприфаќањето на предлогот на опозицијата, ќе видиме како ќе постапи ДУИ (кој вели главен приоритет им се ЕУ и НАТО). До 24 март – сè ќе се знае, заклучува Јовановски додавајќи дека сега кога работите се изведени на чистина, нема веќе криење и маскирање.  
Слично

Поврзани вести