Уште 20 маркети на тапет кај ДПИ за непочитување на маржите
Државниот пазарен инспекторат во претходните два дена направил 162 контроли за да се испита почитувањето на одлуката за замрзнати профитни маржи кај маркетите.
На тапет кај инспекторатот се нашле 33 трговци, од кои 13 во петокот. Веќе е познато дека осум од нив добија казни од 7.000 евра плус 350 за одговорното лице.
Вчера биле санкционирани 20 трговски објекти, од кои кај 8 било утврдено непочитување на замрзнатите маржи.
- кај другите 12 немаше евиденција, но контролата ќе продолжи и понатаму во овие објекти да се види дали ја почитувале одлуката и покрај тоа што немале документација за набавките, рече Анета Симоска Димеска, директорката на ДПИ, во вестите на СИтел.
Најголемо непочитување било утврдено во Скопје, Охрид, Струга, Пробиштип и Струмица.
