Уште 16.000 места за бегалци во Грција
Јужниот сосед неделава ќе обезбеди простор за сместување на уште 16.000 бегалци.
Оваа денеска го најави грчкиот заменик-министер за одбрана Димитрис Вицас, одговорен за справување со бегалската криза. Бегалците треба да бидат преместени во центрите кои беа направени и од таму во зависност од тоа кои и како можат да преминат на македонската територија, да бидат префрлани до границата.
Вицас изјави дека треба да биде отвори уште еден бегалски центар во близина на границата меѓу Грција и Македонија.
НАТО патролира во Егејското море и ги информира Грција и Турција за движењето на мигрантите и ги следи „сивите зони“ во областа.
Во меѓувреме Брисел ја менува политиката кон бегалците. Најдоцна до 1 април државите членки на ЕУ, треба да ги стават на располагање службениците на Фронтекс, а Европол да ја засили борбата против криумчарите.
Слично
