Ушковски им ја покажа вратата на новинарите
Претседателот на Судскиот совет, Бранко Ушковски на Денот на правосудството го прочита обраќањето до гостите, одби да одговара на прашања, по што им рече на новинарите да го напуштат Судскиот совет.
Тој рече дека по реализирани судски реформи состојбата во судовите е подобрена. Вели дека сите оние кои зборуваат против судството сакаат само да го срушат судскиот систем.
„Тоа е особено изразено преку правење на конструкции и инсинуации во судството. И кои, се разбира, им се наменети за дневно – политички потреби. За дефокусирање на јавноста и за разни други поводи и цели кои се насочени за намерно, за жал, уривање на целокупниот судски систем во кој очигледно истите и најдобро се снаоѓаат“- кажа Ушковски.
Вообичаено претседателот требаше да се обрати пред медиумите и да одговори на прашања, но службите и обезбедувањето добија наредба медиумите да го напуштат објектот.
