Економија, финансии, бизнис

Контакт

Урош доби притвор за масакрот во Младеновац

Урош доби притвор за масакрот во Младеновац

Притвор доби осомничениот за масовното убиство кај Младеновац, Урош Б., а уапсени се и дедото и вујкото за помагање при криење. 

Четириесет и осумчасовно задржување е мерката која е одредена за осомничениот за синоќешниот напад кај Младеновац во кој беа убиени осум лица, а повредени 14 и која многу веројатно ќе биде преиначена во 30-дневен притвор. 

Осомничениот за масакрот кај Младеновац беше уапсен утрово во околината на Крагуевац, по осумчасовната потера во која учествуваа над 600 полицајци. При претресот во викендичката што 21-годишникот ја користел за криење, полицијата пронајде арсенал на оружје, вклучително автоматска пушка без фабрички број, пиштол, четири рачни бомби и над 200 куршуми.

Ова е второ масовно убиството што ја потресе Србија во период од 48 часа.

Слично

Поврзани вести