Економија, финансии, бизнис

Контакт

Урнатиот авион во Киргистан не е на компанијата „Туркиш ерлајнс“

Урнатиот авион во Киргистан не е на компанијата „Туркиш ерлајнс“

Авионот кој се урна во близина на селото Бишкек не е на авиокомпанијата „Туркиш ерлајнс“ како што пренесоа првично поголем дел од медиумите.

Карго лет со регистарски број TC-MCL, управуван од страна на ACT Airlines, полетал од Меѓународниот аеродром Хонг Конг  и се урна близу селото Бишкек во Киргистан .

Од авиокомпанијата „Туркиш ерлајнс“ во демант до медиумите посочуваат дека ниту авионот, ниту екипажот се членови на „Туркиш ерлајнс“.

Да потсетиме, во несреќата на товарниот авион загинаа 37 луѓе а првите резултати покажаа дека пилотска грешка е причина за несреќата.

Слично

Поврзани вести