Економија, финансии, бизнис

Контакт

Урнатиот авион е пронајден кај селото Кожле

Урнатиот авион е пронајден кај селото Кожле

Приватниот комерцијален авион со германски ознаки, кој попладнево исчезна од радарите на скопскиот аеродром е пронајден во село Кожле, објави 24 Вести.

Тој е на околу два километри од селото. Во авионот имало шест патници, а контролата за летови го изгубила од радарите во близина на Катланово, на десетина километри јужно од Скопје. Италијанскиот авион од марката „Пајперс“ е на Авио клубот Тревизо, а е регистриран во Германија.

Авионот  полетал од градот Тревизо, Италија и се претпоставува дека крајна дестинација му била Приштина. Тој најавил слетување на аеродромот во Скопје за да полни гориво.

Слично

Поврзани вести