Економија, финансии, бизнис

Контакт

Урнатиот „Антонов“ во Грција превезувал оружје на дилерот Слободан Тесиќ?

Урнатиот „Антонов“ во Грција превезувал оружје на дилерот Слободан Тесиќ?

Неодамнешниот пад на карго-авионот „Антонов“ во Грција ги враќа асоцијациите и прашањата за моќното српско лоби за оружје, објави Дојче Веле, пренесено од грчки Скај.

Српското оружје било продадено од неидентификуван дилер и натоварено во украински авион за да се пренесе во Пакистан, но никогаш не стигнало до целта бидејќи авионот паднал и се урнал во северна Грција. Сето ова звучи како филмски трилер, но се случи во реалноста. Украинскиот авион Антонов полета на 16 јули од Ниш, во јужна Србија, носејќи 11,5 тони минофрлачи и гранати од српско производство. Се верува дека товарот бил продаден од Слободан Тесиќ, еден од најголемите трговци со оружје на Балканот, кој со години се соочува со американски санкции.

Уривањето на авионот не предизвикува само дипломатско искрење меѓу Грција (која очигледно не ја знаела опасноста на товарот) Србија и Украина. Тоа, исто така, покренува многу прашања за моќната индустрија за оружје во Србија, која е обвинета за корупција и нелегален извоз. Србија е еден од најголемите производители на оружје во Централна и Југоисточна Европа, традиција која датира од времето на обединета Југославија. Таа произведува и извезува сè, од пушки и мини до артилериски системи, радари, електронска опрема, оклопни возила и борбени авиони. Српското Министерство за одбрана ја проценува вредноста на извозот на оружје за 2020 година на 600 милиони долари, или 3% од вкупниот извоз на Србија. Сепак,

Товари за кризни центри ширум светот

Главни купувачи на српското оружје и вооружени системи се Обединетите Арапски Емирати, Кипар, САД, Бугарија и Саудиска Арабија. Но, српското лоби за оружје има клиенти низ целиот свет, посочува Вук Вуксановиќ, политиколог и соработник во Центарот за безбедносна политика (БЦБП) во Белград. „Српската држава не сака да изгуби ниту еден динар од овој извоз“, вели тој. „Црвената линија е, сепак, подложување на извозната дестинација на санкции од Обединетите нации или водење војна на нејзина територија“.

Но, Вуксановиќ нагласува дека Србија „не секогаш ги следи овие правила“. Во изминатите десет години, земјата извезуваше оружје во воени или кризни жаришта, кои беа предмет на ембарго за оружје. Во 2019 година беше откриено дека српското оружје стигнало до рацете на вооружени исламисти во Јемен, преку Саудиска Арабија. Во 2020 година, азербејџанската војска пронајде во Нагорно-Карабах српско оружје продадено на Ерменија. Во февруари, една српска истражувачка новинарска мрежа откри дека српското оружје било доставено во Мјанмар, дури и по воената хунта во земјата во февруари 2021 година.

Име кое постојано се повторува

Името на Слободан Тесиќ се појавува одвреме-навреме кога се зборува за нелегален српски извоз на оружје. 64-годишникот со децении е активен во трговијата со оружје на Балканот. Од 2003 до 2013 година неговото име беше на списокот со санкции на САД поради нелегален извоз во Либија. Во 2017 година, стапија на сила новите санкции против Тесиќ, кои се во сила и денес и, меѓу другото, вклучуваат забрана за влез и заплена на неговиот имот во САД. Таму официјално е опишан како „најголемиот трговец со оружје и муниција на Балканот“.

Во исто време, неговото име е во центарот на неколку случаи на корупција во српската индустрија за оружје, меѓу кои и таканаречениот „случај Крушиќ“, кој излезе на виделина есента 2019 година. Купиле оружје (гранати, мини, проектили) по повластени цени, за да го препродаваат по високи цени во странство, иако теоретски одговорно за спроведување на оваа трансакција би било државното претпријатие Југоимпорт-СДПР.

Сосема очекувано, името на Тесиќ се појави во последните денови, бидејќи се вели дека стои зад компанијата Валир, која официјално ја започна продажбата на оружје во Бангладеш. Самиот Тесиќ никогаш не ги коментира обвинувањата кои одвреме-навреме му се упатуваат.

Крај на опортунистичката политика?

Постојат дури и сценарија дека оружјето на урнатиот „Антонов“ веројатно не било наменето за Бангладеш, туку за самата Украина - нешто што, сепак, го демантираат и министерот за одбрана и украинската компанија Меридијан, која го поседуваше воздухопловот. Политикологот Вук Вуксановиќ од своја страна смета дека се уште има отворени прашања.

„Јавното мислење треба да добие одговор на прашањето зошто украински авион носи српско оружје, во време кога на украинска територија беснее најголемиот меѓународен конфликт во нашето време“, вели Вуксановиќ.

Според него, случајот „Антонов“ е типичен пример за опортунистичката политика на Белград, која навива меѓу различни центри на моќ. „Од една страна тајни испораки на оружје за Украина, од друга страна отстапки против Русија во самата Србија“, вели Вуксановиќ. „Сето ова може да биде пример за однесувањето на една елита во Белград, која балансира меѓу различни центри на моќ, со цел да ја извлече соодветната цена. Прашањето за Србија е дали оваа политика ќе пропадне, ако премногу налути еден од овие центри на моќ“.


Слично

Поврзани вести