УРИВААТ РЕКОРДИ: Најбројни меѓу туристите се Германците
Според податоци на evisitor, во текот на јули во Хрватска имало 4.6 милиони посети и 30 милиони реализирани ноќевања.
Во однос на истиот месец лани бројот на посети е зголемен за 10.5%, а бројот на ноќевања е поголем за 11%.
Освен кај странците, и кај домашните туристи има раст на ноќевањата за 10%.
Гари Капели, минисерот за туризам вели дека со овие посети Хрватска потврдува дека е хит дестинација.
Можно е оваа година Хрватска да има 100 милиони ноќевања.
Најмногу туристи има од Германија, а потоа следат Словенија, Полска, Чешка, Австрија.
Ако се гледаат ноќевањата топ дестинации се Дубровник, Ровињ, Пореч, Медулин, Умаг, Сплит, Мали Лошињ, Загреб, Цриквеница и Новалија.
Слично
