Економија, финансии, бизнис

Контакт

УРИВА РЕКОРДИ: Се вивна цената на биткоинот, но и доларот расте

УРИВА РЕКОРДИ: Се вивна цената на биткоинот, но и доларот расте

Цената на биткоинот се искачи над 84.000 долари за прв пат, по победата на американскиот претседател Доналд Трамп на изборите во САД и надежта дека тој ќе биде благонаклонет кон криптовалутите.

Биткоинот достигна рекордно високо ниво од 84.653 долари денес со што вредноста на оваа криптовалута е повеќе од двојно зголемена од околу 37.000 долари пред една година. 

Изборите, влијаеа на традиционалните валутни пазари, индивидуалните акции – особено на компанијата за електрични автомобили на милијардерот Илон Маск, Тесла – и на широките американски пазари на акции, бидејќи инвеститорите се обложуваат на дерегулација и даночни намалувања од Трамп.

И вредноста на доларот расте.  Американската валута зајакна во однос на европската, па цената на еврото се намали на 1,0715 долари, додека во петокот изнесуваше 1,0718 долари.

Слично

Поврзани вести