Економија, финансии, бизнис

Контакт

УРЕДНИЦИТЕ ОДГОВАРААТ: Зошто Груевски и Заев седнаа на иста маса? (1)

УРЕДНИЦИТЕ ОДГОВАРААТ: Зошто Груевски и Заев седнаа на иста маса? (1)
Фактор: Колку иницијативата на Груевски за средба со неговиот политички  ривал Заев е резулатат на искрена желба за надминување на парламентарната и политичката криза, или  зад оваа се крие меѓународен притисок за излез од ќорсокакот во кој земјата западна по изборите? Соња Крамарска, Утрински весник: Не се сомневам дека Груевски сака да има опозиција во парламентот бидејќи  и самиот e свесен дека вака ќе биде етикетиран многу непријатно, но не сум сигурна дека во преговорите ќе се постави искрено. Ова ќе бидат привидни преговори и Премиерот нема да го повтори „успехот“ во досегашните преговори со СДСМ во кои опозицијата речиси ништо не добиваше, а тој ја поправаше сликата за себе. Мислам дека улогата на меѓународната заедница е преценета. Од контактите што ги имам јас нив ги интересира само дали политичката напнатост ќе доведе до улични демонстрации и нестабилност во земјата, што тие не ги посакуваат. Другото оставаат да си тече и сметаат дека двајцата лидери треба да си носат одговорност пред своите граѓани за постапките.  Драган Павловиќ - Латас, ТВ Сител: Кај Груевски постои искрена желба за излез од политичката криза, но истовремено сметам дека средбата е резултат и на притисокот од меѓународната заедница. Сепак, ништо не очекувам да се случи  од таа средба или по неа бидејќи и двајцата имаат дијаметрално спротиставени позиции. Од една страна Заев останува на своите изјави дадени во предизборната кампања за корупциски афери што не се докажаа.  Од друга страна,  Груевски покрена судска постапка во граѓанска постапка со побараување од 500 илјади евра за  нарушување на углед по основ на клевета и навреда. Значи тоа се многу далечни позиции за какви било разговори или преговори. Но и  двајцата пред ЕУ сакаат да остават впечаток - Заев да се прикаже себе си и опозицијата  како кооперативна страна,  а  Груевски да манифестира волја за добра и кооперативна власт. Значи дијалогот не е генеричка потреба и средбата не е произлезена од авотхотно, од наши интерни потреби за да може да се очекува нешто посебно. Ќе помине средбата, секој ќе ја забележи во својот тефтер за да има што да покаже во Брисел. Владо Апостолов, Фокус: Веројатно е резултат на некаков сериозен притисок од надвор и тоа претпоставувам дека тој е особено силен кон извршната власт. Таа како да делува со волја малку да ги попушти стегите. Не треба да елаборирам за тоа како таа го контролира и го злоупотребува судството. Последниве неколку недели се интересни, гледаме дека Шиповиќ го пуштија во домашен притвор, за Љубе Бошкоски ќе има ново судење за случајот „Ровер“... Меѓутоа, на Груевски му е совршено јасно дека не гласаат оние од надвор што вршат притисок, ами граѓаните на Македонија. Тој добро знае да одглуми - како кооперативен актер пред странците, а ако треба дома да ја стисне тупаницата за да остане на власт. Во моментов веројатно проценил дека не губи ништо ако седне на маса со опозицискиот лидер. Бесим Илјази, Коха: Не можам да кажам дали и овојпат се работи за притисок за надминување на политичката криза, но имајќи ја предвид досегашаната пракса, кај нас политичкиот дијалог секогаш завршува со директна медијација на странците. Речиси ист случај имавме после настаните од 24 септември. И со мајскиот договор Груевски-Црвенковски Лидија Богатинова, ТВ Канал5: Средбата Груевски Заев повеќе ќе биде протоколарана отколку суштинска. Нема логика да се одржуваат „парцијални избори“. Смешно е да се говори за преговарачки тимови од двете партии кои би требало да се обидат да најдат излез од оваа ситуација. Во речиси сите земји кога се случува каква било криза сите политички субјекти застануваат на една страна и бараат начин да ги премостат проблемите. Мислам дека  оваа драмулетка треба што побрзо да заврши. Горазд Чомовски За другите ставови на уредниците на следните линкови: УРЕДНИЦИТЕ ОДГОВАРААТ: Дали барањата на Заев до Груевски се издржани? (2) УРЕДНИЦИТЕ ОДГОВАРААТ: Дали странци пак треба да помагаат за излез од политичката криза? (3) УРЕДНИЦИТЕ ОДГОВАРААТ: Дали преговорите на Груевски-Заев се политичко дежа-ву? (4)
Слично

Поврзани вести