Економија, финансии, бизнис

Контакт

УРЕДНИЦИТЕ ОДГОВАРААТ: Дали странци пак треба да помагаат за излез од политичката криза? (3)

УРЕДНИЦИТЕ ОДГОВАРААТ: Дали странци пак треба да помагаат за излез од политичката криза? (3)
Фактор: Кога, зошто и каде се инволвира меѓународната заедница или медијатори? Соња Крамарска, Утрински весник: Па веројатно е во прашање зрелоста, како на самите лидери, така и на македонската плурална политика. Кога барате некој да ве води за рака значи дека не сте доволно зрели. Македонските водачи се суетни во за својата маалска политика, но не се доволно одважни да речат „сами ќе се ги решиме проблемите“. Мислам дека се работи за една општа неодговорност и неспособност да се носат со ситуацијата во која се наоѓаат. Драган Павловиќ Патас, ТВ Сител: Македонија не ги произвела сама проблемите. Главниот проблем во однос на ЕУ за нас е блокадата од Грција. Тоа не е македонски проблем. Решението на спорот околу името не е во Скопје, туку во Брисел, во Советот на министри кои гласаат или не гласаат за  Македонија да и се даде препорака за почеток на преговори.  Нашите локални проблеми, помалку или повеќе, ние добро ги решаваме. На следниот линк: УРЕДНИЦИТЕ ОДГОВАРААТ: Зошто Груевски и Заев седнаа на иста маса? (1) Владо Апостолов, Фокус: Македонија е далеку од демократско општество! Не дека некогаш била демократски рај ама во последниве неколку години таа повеќе е недемократски пекол. Така што, кога власта, онаа што има моќ да го диктира политичкиот живот во сржта е недемократска не можете да очекувате дека основните алатки на цивилизираниот свет би биле решение за било кој проблем. Бесим Илјази, Коха: Ние сме земја па ако сакате и општество со политички антагонизми  и често ни недостига “лидершип”. На вмешувањето на странците не треба да се гледа како на зло, кога самите не можете да ги решите проблемите. Кај би ни бил крајот без странско медијаторство, ако не ни се странците?! На следниот линк: УРЕДНИЦИТЕ ОДГОВАРААТ: Дали барањата на Заев до Груевски се издржани? (2) На следниот линк: УРЕДНИЦИТЕ ОДГОВАРААТ: Дали преговорите на Груевски-Заев се политичко дежа-ву? (4) Горазд Чомовски
Слично

Поврзани вести