УРЕДНИЦИТЕ ОДГОВАРААТ: Дали преговорите на Груевски-Заев се политичко дежа-ву? (4)
Фактор: Дали преговорите Груевски-Заев се своевидна реприза на дијалогот Георгиевски-Црвенковски и последиците од нивниот прикриен договор за меѓусебна амнестија за криминалите од време на нивните транзицски владеења и одлуки?
Соња Крамарска, Утрински весник: Не знам дали имало таков договор меѓу Црвенковски и Георгиевски. Не верувам во такво нешто. Што се однесува до нивните наследници, тие толку многу се мразат што тоа веќе се одразува на вкупниот општествено-политички живот во земјата. Па погледнете ги тужбите на Груевски кон Заев. Дали тие ви личат на шурување? Еден ден секако ќе проработи правната држава и тогаш, ни Груевски ни Заев, нема да можат да сопрат некои процеси кои се сопрени сега, со затворањето очи на институциите и правосудството задолжени за откривање и казнување на криминалот.
Драган Павловиќ Латас, ТВ Сител: Не , не. Црвенковски и Георгиевски преговараа пред војна кога беше јасно дека е договорена коалицијата само требаше Црвенковски да ја побара. Груевски нема такви проблеми, нема вонредна ситуација во земјата. На премиерот не му е потреба странска интервенција, ако има проблем да го реши, потребно му е да нема странска интервенција да се создаде проблем и тој да се проширува. Далеку сме од таква една ситуација. Ниту Заев ниту Груевски ја немаат таа криминогена биографија која ја имаат Црвенковски и Георгиевски. Ниту пак се политичари на залез кои немаат веќе идеја. Мислам дека и двајцата имааат на свој начин перспектива а во политиката не се ни принудени да прават такви дилови.
Владо Апостолов, Фокус: Не верувам во онаа митска верзија на настаните дека сега додека ние некако се караме за СДСМ и за ВМРО, Груевски и Заев седат во кафеана и ни се смеат откако претходно го поделиле пленот. Не знам што би правел Заев доколку би ги имал алатките во раце и како би се однесувал кон криминалот во редовите на власта на Груевски, ама повеќе од сигурно е дека Премиерот никогаш не би финиширал некоја афера против Заев. Едноставно тоа не му се исплаќа. Потрошени се многу пари за оцрнување на лидерот на СДСМ. Вака на ВМРО-ДПМНЕ повеќе му одговара да висат аферите во воздух. Тие попрво би збореле секој ден за киријата на Шекеринска, ама не би ја повикале УЈП или Антикорупциска да расчисти дали има нешто незаконито.
Бесим Илјази, Коха: Не знам дали е тоа така, но јас го гледам како дијалог меѓу власта и опозиција без да навлегувам во какви било конструкции.
Горазд Чомовски
На следниот линк прочитајте повеќе:
УРЕДНИЦИТЕ ОДГОВАРААТ: Дали странци пак треба да помагаат за излез од политичката криза? (3)
УРЕДНИЦИТЕ ОДГОВАРААТ: Дали барањата на Заев до Груевски се издржани? (2)
УРЕДНИЦИТЕ ОДГОВАРААТ: Зошто Груевски и Заев седнаа на иста маса? (1)

Слично