Економија, финансии, бизнис

Контакт

УРЕДНИЦИТЕ ОДГОВАРААТ: Дали барањата на Заев до Груевски се издржани? (2)

УРЕДНИЦИТЕ ОДГОВАРААТ: Дали барањата на Заев до Груевски се издржани? (2)
Фактор: Дали поставените барања на лидерот на СДСМ се издржани и колку премиерот Груевски е подготвен да направи отстапки  со цел враќање на опозицијата во Парламентот? Соња Крамарска, Утрински весник: Мене ми се нелогични барањата на опозицијата за техничка Влада. И таа всушност ќе биде политичка, а обидот на Заев во суштина е да ги намали нејзините овластувања ако се организираат избори. И нејзините ингеренции ќе се договара на политичко ниво, од обем и времетраење на нејзините ингеренции до распределба на министерски ресори и кадри кои повторно ќе бидат луѓе од доверба на двајцата лидери и ќе настапуваат во нивно име. Мислам дека техничка влада е само еден убав сон. На следниот линк: УРЕДНИЦИТЕ ОДГОВАРААТ: Дали странци пак треба да помагаат за излез од политичката криза? (3) Драган Павловиќ-Латас, ТВ Сител: Не можете на ниту еден Премиер во светот да му кажете дека ако сакате да разговараме  дадете оставка и  направете техничка Влада. Барањата се така поставени за да не можат да бидат прифатени. Никој не би се согласил на нивно реализирање. Владо Апостолов, Фокус: Да не се лажаме, Груевски никогаш нема да прифати техничка влада, барем не во оној обем кој би значел дека треба полицијата и финасиите да ги препушти на некој трет. Нему му е јасно дека ако пендрекот и парите ги испушти од рака, а со тоа медиумите и администрацијата, наредниот ден ќе му се преполови рејтингот, а тој такво нешто не може да си го дозволи по 8 години бескруполозно практицирање на власта. Тоа за Премиерот би било политичко самоубиство. На следниот линк: УРЕДНИЦИТЕ ОДГОВАРААТ: Зошто Груевски и Заев седнаа на иста маса? (1) Бесим Илјази, Коха: Неминовно е дека политичкиот дијалог треба да функционира без наметнување. Некои од барањата на СДСМ се релативно стари, а со некој од изборните решенијата СДСМ се согласи пред да бидат распишани  изборите. Но тука освен текнички сега имаме и политички барања, што ако ги погледнеме сите ќе речат дека тие се производ на послабиот. Секако дека на Заев сега му треба политички наратив во овој афтер-шок за да го оправда своето политичко дејствување. Лидија  Богатинова, ТВ Канал5: Многу е чудно што една партија која бара предвремени избори и освојува 300 илјади гласови и самата да се откаже од таа доверба само заради тоа што не им беа доволни за да победат. на изборите. Претходно немаат никакви забелешки, ниту за избирачкиот список, ниту пак мегу двата круга алармираа за некакви нерегуларности. Опозицијата треба да биде вистински коректор на власта, но во рамките на институции. На следниот линк: УРЕДНИЦИТЕ ОДГОВАРААТ: Дали преговорите на Груевски-Заев се политичко дежа-ву? (4) Горазд Чомовски
Слично

Поврзани вести