УРАГАНОТ НА ТРАМП ОД НАЈСИЛНА КАТЕГОРИЈА: Канада возвраќа на царините, боксерскиот меч меѓу соседите продолжува
Канада од денес воведува царини за одредени американски производи како одговор на „неоправданите и неразумни“ царини наметнати од американскиот претседател Доналд Трамп за челик и алуминиум.
На 29,8 милијарди канадски долари (18 милијарди евра) американски увоз ќе бидат воведени царини од 25 отсто, изјави за новинарите канадскиот министер за финансии Доминик Лебланк.
Ова особено ќе се однесува на компјутерите, спортската опрема и производите од леано железо.
Од вчера стапи на сила американското зголемување на царините за 25 отсто за челик и алуминиум.
Европската комисија најави дека од 1 април ќе применува „пропорционални“ царини за низа американски производи, како одговор на зголемувањето на царините во САД.
Зголемувањето на царините, побарано од Трамп, е нова фаза во трговската војна меѓу Вашингтон и неговите главни партнери.
Бизпортал.рс