Економија, финансии, бизнис

Контакт

Управувачкиот комитет ќе одлучува за судбината на „заглавените“ бегалци

Управувачкиот комитет ќе одлучува за судбината на „заглавените“ бегалци
Управувачкиот комитет вечерва треба да донесе одлука што понатаму со бегалците кои останаа „заглавени“  на наша територија, откако е затворена балканската рута. Повеќе министри треба да ги прецизираат понатамошните чекори со кризата и што ќе биде со 1500 бегалци кои останаа во Македонија. Во меѓузоната има 437 бегалци, државјани на Сирија и Ирак кои не сакаат да влезат во Транзитниот центар во Табановце , каде се згрижени 1050 бегалци. Меѓу нив има голем број деца и жени кои се на отворено, изложени на временските неприлики. Тие се наоѓаат на 500 метри од кампот Табановце. Србија ја затвори границата, истото го направи и Хрватска, откако Словенија започна да го применува новиот режим за влез на бегалците во Шенген зоната.  
Слично

Поврзани вести