Економија, финансии, бизнис

Контакт

Управител на Повардарие нанел милионска штета, се води истрага

Управител на Повардарие нанел милионска штета, се води истрага

Истражните органи водат предмет за голема материјална штета која изнесува десетици милиони евра нанесени од страна на управителот на винарската визба Повардарие.

Затоа поднесена е кривична пријава за злоупотреба на службената положба против 48-годишниот В.К., управител во винарската визба „Повардарие“ од Неготино, фирмата „Анго Вест“ и фирмата „Агро Солар“ во село Рибарци, општина Росоман.

Тој во периодот од 12 декември минатата година до 25 април неоправдано издал 170 фактури на правни и физички лица, продавал вино во шише, наливно вино, винарски дестилат и гроздов концентрат, при што причинил материјална штета огромна материјална штета, а во корист на „Анго Вест“, Кам-ДООЕЛ, „Алеко-Комерц“, „Алеко-Компани“, „Агро-Лозар“ и други.

Злоупотребувајќи ја службената положба, В.К. не го почитувал решението на судија од претходна постапка за забрана на износ на вино од „Повардарие“ и решението на стечаен судија со кое се става општа забрана на имотот на „Повардарие“ и ја намалил вредноста на имотот на „Повардарие“ за 38.234.129 денари и продолжил да изнесува вино и концентрати од винарската визба „Повардарие“.


Слично

Поврзани вести