УПОЗ: Судиите си го „одработија“ својот избор во повисоките судови
Од Синдикатот на УПОЗ денеска преку соопштение го поздравија вчерашниот избор на судии од Академијата на судии и јавни обвинители и велат дека меѓу избраните судии во повисоките судови, препознале имиња на судии кои се истакнале при штрајкот и направиле сè за да ги заплашат членовите, да ги казнат и да ги одвратат од штрајкување.
„Со тоа претпоставуваме дека си го „одработија“ и својот избор во повисоките судови. Затоа изборот на неколку судии избрани во повисоките судови (Апелационите и Врховниот) не можеме да кажеме дека е изненадување за Синдикатот, бидејќи за нив тоа се очекуваше и се најавуваше уште за време на штрајкот “- се вели во соопштението. Од УПОЗ наведуваат дека меѓу новоизбраните судии во повисоките судови има и нивни поранешни членови и истакнуваат дека не сакаат да веруваат дека нивното откажување од членството во Синдикатот непосредно пред нивниот избор е посебен придонес за нивниот избор.Оттаму изразија надеж дека успешно, совесно, чесно, одговорно, посветено и законски ќе ја обавуваат функцијата. УПОЗ нив им порачува да не заборават дека не се единствените вработени во правосудството и дека зад нив стојат 2.300 вработени без кои не можат да ја извршуваат својата функција.
Судскиот совет вчера избра 28 судии во повеќе судови во Македонија.
Слично
