УПОЗ по средбата со Мицкоски: Владата ги прифати барањата на синдикатот
УПОЗ, синдикатот на управата и правосудството, објави дека по одржаната средба, на која беше предвидено да присуствува и премиерот Христијан Мицкоски, владата го прифатила барањето за етапно зголемување на платите.
„Денес, на барање на Синдикатот на УПОЗ конечно беше одржана средба со претставници на Владата на РМ.
Средбата се одржува по големиот работнички протест одржан на 28 јануари.
На оваа средба, од страна на Владата на РМ, беше прифатено барањето на Синдикатот на УПОЗ истакнато на протестите кои се одржаа минатата година, за добивање додатоци на плата преку склучување поединечни колективни договори во управата и правосудството.
Во 15.30 часот Синдикатот на УПОЗ ќе ги свика своите органи и тела, за да бидат информирани за новата состојба“,информираат од УПОЗ.
Од таму додаваат дека зголемувањето на платите за сите вработени во управата и правосудството е поголемо од веќе обезбеденото зголемување со Општиот колективен договор за јавниот сектор како поповолно право за работниците.
„Дополнително, во пресметката на платите на вработените како компонента на плата останува минималната плата, а борбата за зголемување на минималната плата за сите работници продолжува се до нејзино зголемување, а со тоа и зголемување на платите на сите работници кои во својата пресметка на плата ја имаат минималната плата.
Платата во единиците на локалните самоуправи може да се зголемува преку склучување на поединечни колективни договори“,дополнуваат од УПОЗ.
Слично
