Уплатени 11,9 милиони евра помош за Србија
На сметка на Владата на Србија за помош на ззагрозените во поплавите уплатени се вкупно околу 11,9 милиони евра, објави денеска Министерството за финансии на Србија.
Според податоците на српското Министерство, до 26 мај во 17.00 часот на динарската сметка за помош на загрозените во поплавите се уплатени околу 1.120.246.784 динари (околу 9,68 милиони евра) .
На девизните сметки се уплатени 1.702.522 евра, 261.122 долари, 14.960 швајцарски франци, 376 британски фунти, 1.003.000 руски рубљи, 1.550 круни, 700 дански круни, 2.200 шведски круни и 100 канадски долари.
Преку PayPal сметка е уплатено 486.727 евра за помош на граѓаните загрозени во поплавите во Србија.
Слично
