Економија, финансии, бизнис

Контакт

Упатен повик Косовците да не ја слават Нова година

Упатен повик Косовците да не ја слават Нова година

Апели има во Косово да не се слави Нова година, затоа што „не е исламски празник“.

Екс пратеникот во косовското Собрание од партијата „Фјала“, Гзим Келменди ги повика Косовците да не ја слават Нова година, затоа што како што вели, тоа „не е исламски празник“, јави дописникот на МИА од Приштина.

Келменди преку објава на својата страница на Фејсбук упати критики до косовските градоначалници за тоа што ги украсиле плоштадите и улиците на нивните градови.

Тој им порача на политичарите на локално и централно ниво да си ја слават Нова година во нивните домови, а не, како што вели, „со парите на граѓаните на Косово, кои се 96 проценти муслимани“.

„Со кое право на муслиманските деца им ги носите дедо мразовците и новогодишните подароци во училишта. Со кое право со парите на муслиманскиот народ (96 проценти) ги китите градовите за Нова година. Нова година не е исламски празник“, вели Келменди.

Тој кажа дека, „не само што не се почитуваат косовските муслимани, туку се крши и секуларноста на државата во училиштата и институциите“.

Слично

Поврзани вести