Упасени двајца скопјани бидејќи му се заканувале на Меџити
Две лица утрово се приведени затоа што му се заканувале на потпретседателот на ДУИ и градоначалник на општина Чаир, Изет Меџити.
Станува збор за лицата В.П. (38) и Б.Р. (27) од Скопје, а полицијата трага по уште две лица. Се обавува разговор со уапсените. Од МВР велат дека постои основан сомнеж дека во понеделникот сториле кривично дело загрозување на сигурноста.
Деновиве се појави информација дека Меџити во понеделникот околу пладне избегнал блиска средба со група од 20-тина лица кои упаднале во неговата канцеларија во општинската зграда на Чаир. Тие како поздрав од посетата му оставиле куршум.
Мотивите зошто му се заканувале засега не се познати.
Според неофицијални информации на некои портали на албански јазик, двете лица побарале Меџити да се повлече од градоначалничката функција.
