Упасени 12 лица поврзани со нападот во Истанбул
Во Турција се приведени 12 лица, поврзани со терористичкиот напад во ноќниот клуб во Истанбул на Нова година.
Денеска беше соопштено дека се приведени осум лица во врска со нападот, за кој одговорноста ја презеде „Исламска држава“.
Меѓу приведените не е директниот извршител на нападот. По него полицијата трага.
Во нападот во ноќниот клуб во квартот Ортакој во европскиот дел на Истанбул, вооружен маж пукаше при што уби 39 лица.
Тој рани 69 лица од кои четворица се во тешка состојба.
Слично
