Економија, финансии, бизнис

Контакт

Упад во СДСМ Кисела Вода, партијата го осуди насилниот чин

Упад во СДСМ Кисела Вода, партијата го осуди насилниот чин

Упад синоќа е изврешен во просториите на Општинската организација на СДСМ Кисела Вода.

Насилно се обиени бравите на 6 врати од просториите, украдени се 3 лаптоп комјутери, 2 деск компјутери и еден прожектор. Дополнително оштетени се уште 2 комјутери од кои што се извадени хард дискови и други делови, велат од СДСМ.

„Насилниот, криминален чин е пријавен во МВР, а за него ќе бидат известени и меѓународните претставници во земјава и мисијата на ОБСЕ/ОДИХР. СДСМ најостро го осудува овој инцидент и бараме МВР да преземе итни и ефективни мерки за откривање на сторителите за нивно соочување со правдата. Очигледно е дека враќањето на правдата, слободата и демократијата во Македонија ги прави нервозни криминалните структури во земјава“ - додаваат од партијата.

Едно треба да им биде јасно на сите: правда ќе има, секој што го прекршил законот ќе одговара, стои во реакцијата на СДСМ.

Слично

Поврзани вести