УО на Здружение на судии: Прво сублимирање на сите судови потоа конзинстентен став
На денешната седница на Управниот одбор на Здружението на судии во Македонија информираа дека ќе излезат со став во однос на снимките објавени на прес-конференција на СДСМ во неделата, кои во јавноста се конотираат како директно мешање на судската власт и атак врз независноста на судиите, откако ќе ги сублимира изградените мислења на подружниците на сите судови.
„Во контекст на последните случувања и објавените аудио снимки на една од политичките партии, кои во јавноста се конотираат како директно мешање на судската власт и атакт врз независноста на судиите, Здружението на судиите на Република Македонија истакнува загриженост и смета дека е непримерно судиите да се ставаат во состојба јавно да се бранат од притисоци. Во таа насока Управниот одбор заклучи да го слушне мислењето и да ги сублимира изградените ставови на подружниците на сите судови после кое ќе следи конзинстентен став“ соопштијата од Здружението на судиите. Тие не сакаа да коментираат дали е нарушен угледот и достоинството на судиите и правосудниот систем со обвинувањата и наводите изнесени на снимките, уште еднаш потенцирајќи дека сите прашања ќе бидат одговорени откако ќе се произнесат подружниците на судовите. Да потсетиме, лидерот на опозицијата Зоран Заев во неделата објави снимки кои сугерираат притисоци и контрола на функционери на власта врз судството.
Слично
