УО на ЈСП побара побргу да се исплати долгот кон Пуцко Петрол и кон приватните превозници
Управниот одбор на ЈСП, во кој доминантно се челнови од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, побара писмено од в.д. директорот Александар Стојковски, кадар на градоначалничката Данела Арсовска, со побрза динамика да ги исплаќа долговите кон трите најголеми добавувачи на градското претпријатие.
Според она што може да се види од дописот, најголем долг, сочинет од 90 отсто од вкупната структура на долгови што ја има ЈСП, има кон снабдувачот со гориво Пуцко Петрол и двете здруженија на приватни превозници „Слобода Превоз“ и „МакЕкспрес“.
Во барањето не е наведена колкава е вкупната сума на долгот.

Слично
