Економија, финансии, бизнис

Контакт

Јункер ги повика земјите членки да воведат минимални плати во ЕУ

Јункер ги повика земјите членки да воведат минимални плати во ЕУ

Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер ги повика земјите членки на ЕУ да им обезбедат на граѓаните минимална плата и приход. Овој принцип треба да се применува како за вработените, така и за невработените. „Во Европа има праг на достоинство, кој мора да се почитува“, посочи Јункер.

Според него мерката мора да биде внесена прво во земјите од еврозоната (поради единствениот монетарен и фискален надзор), а потоа и во останатите земји членки.

Минималниот приход не е потребно да биде еднаков во сите земји. Тоа би било погрешно, прецизира претседателот на ЕК. Животниот стандард и трошоците се многу различни во различните земји од ЕУ, но некои од нив, особено во Јужна Европа, страдаат од многу високи нивоа на невработеност.

Јункер додаде дека идејата за минимална плата треба да се реализира така што да не влегува во полемики со принципот за конкурентност што ги загрижува малите и средни фирми.

Тој ги повика компаниите да усвојат минимална плата, за да се реши проблемот со „социјален дампинг“ - ангажирање на евтина работна рака или преместување на производството во земји со пониски плата и либерално трудовото законодавство.

Иако има ограничени овластувања во социјална политика, Комисијата е посветена активно во борбата со социјалната нееднаквост и сиромаштијата.

„Од почетокот на мандатот ми измислија дека сакам повеќе социјална Европа. Ги преземавме првите важни чекори, за да го постигнеме тоа. Оваа година ќе биде клучна. Време е да се создаде Европски столб за социјални права“, повика претседателот на ЕК.

Јункер го упати апелот на Конференција за Европскиот столб за социјални права, организиран од страна на Европската комисија во Брисел. 

Конференцијата е дел од дискусиите на Европскиот столб за социјални права, кој треба да се претвори во нова легислатива за регулација на социјалните права во Европа,и ги има предвид новите предизвици на пазарот на трудот.

Во иднина тоа законодавство треба да се претвори во основа на трудовото законодавство, како во Европа, така и на национално ниво.

Минатата недела е усвоена резолуција за безбедност на основните приходи, како средство да покаже поголем притисок на земјите членки и Комисијата, со кои се гарантира дека „слични основи на социјална заштита се целосно постигнати и дури пречекорени во сите земји членки“. Во оваа фаза „Европскиот економски и социјален комитет има корисен придонес, согласувајќи се на принципи за ефикасен и сигурен систем за социјална заштита“, гласи текстот на резолуцијата.

Слично

Поврзани вести