Економија, финансии, бизнис

Контакт

Универзитетот си купи Мерцедес од 68 илјади евра, им бил неопходен!

Универзитетот си купи Мерцедес од 68 илјади евра, им бил неопходен!
Според договорот за јавната набавка објавен на страницата на бирото за јавни набавки, Ректоратот на универзитет „Кирил и Методиј“ купува  Мерцедес од Е-класата за 68.000 евра. Во изјава за телевизијата Алфа, Ректорот на УКИМ, Велимир Стојковски, посочува дека возилото не било луксуз, туку реална потреба на институцијата. „Новото возило е иста марка и модел, Мерцедес Е-класа, како и претходното кое е старо 13 години. Тоа возило постојано има технички проблеми веќе две години и потребен е голем ремонт, кој финансиски не е исплатлив. Набавката на вакво возило беше влезено во планот за јавни набавки уште во 2011-тата, па се префрли во 2012-тата. Потреба имаше подолго време, но сега се создадоа услови“,  тврди Стојковски за „Алфа“ телевизија, кој посочува дека возилото ќе биде купено од средства кои ректоратот ги добива од разни услуги.
Слично

Поврзани вести