Универзална сала затворена – сите концерти откажани
Поради оштетување на покривот од обилните дождови, Универзална сала ќе биде затворена на неодредено времев и сите манифестации и концерти се откажани, информираат од дирекцијата.
,,Повикани се надлежните институции за да се констатира моменталната состојба и да се најде соодветно решение. Од тие причини, приморани сме сите закажани манифестации да ги откажеме сѐ додека не се создадат услови за понатамошна работа” - се вели во соопштението на Конгресен центар „Александар Македонски“.
Поради прокиснување од дождот, дел од таванот паднал врз седиштата во Универзалната сала, непосредно по завршувањето на трибината на СДСМ што се одржа во вторникот.
Одговорните соопштија дека ги повикале надлежните институции за да се констатира моменталната состојба и да се најде решение.
Слично
