УНИЦЕФ:Грчките деца живеат на прагот на сиромаштијата
На прагот на сиромаштијата живеат над 430 илјади деца во Грција, покажуваат податоците на УНИЦЕФ, објави електронското издание на грчкиот весник „Етнос“. Повеќе од 23 проценти од децата во земјата се соочуваат со недостиг на основни добра. Просекот во Европа изнесува околу 20,5 проценти, со што се забележува зголемување на сиромаштијата на децата во Европската унија, а особено во најголемите економии во еврозоната Франција и Германија.
Слично
