Економија, финансии, бизнис

Контакт

UNIQA ја купи швајцарската Baloise во Хрватска и во Србија

UNIQA ја купи швајцарската Baloise во Хрватска и во Србија
Австриската групација за осигурување УНИКА ќе ги купи подружниците на швајцарската Баслер (Baloise) групација во Хрватска и во Србија. Вкупната вредност на трансакцијата изнесува 75 милиони евра, се вели во соопштението од УНИКА. Аквизицијата треба да се случи откако ќе биде одобрена од страна на надлежните регулаторни органи во двете земји. Се очекува дека целата трансакција ќе биде завршена во првиот квартал од 2014 година. УНИКА е една од водечките осигурителни групи во Австрија и во Централна и Источна Европа, со 22.000 вработени и девет милиони клиенти во 19 пазари.
Слично

Поврзани вести