УНИ БАНКА ИЗБРА НОВ НАДЗОРЕН ОДБОР - дел од членовите се и во сегашниот состав, еве кои
Уни банка со известување испратено до Македонска берза информира за изборот на старо нов Надзорен одбор.
Како што е посочено во соопштението, на акционерското собрание за членови се реименувани Светозар Александров Попов, Ралица Иванова Богоева, Јанко Ангелов Караколев и Дејан Кнезовиќ – независен член.
Четиригодишниот мандат ќе им започне откако ќе добијат согласност од Народната банка.
Инаку, нивните тие и сега се членови на Надзорниот одбор, и нивните сегашни мандати истекуваат во ноември и во септември.
Според образложението, Светозар Александров Попов (претседател на НО, Ралица Иванова Богоева (заменик) и Јанко Ангелов Караколев „имаат големо работно искуство од областа на финансиското работење, поседуваат професионални квалификации да ги извршуваат работите од делокругот на работењето на Надзорниот одбор и ќе придонесат и понатаму Банката да работи стабилно и профитабилно“.
За Дејан Кнезовиќ се посочува дека е истакнат адвокат, кој со неговото над 25-годишно искуство во „корпоративното управување, креирање и исполнување на интерната регулатива, адвокатурата и застапувањето ќе придонесе за унапредување на работата на Надзорниот одбор, соодветно и на работењето на Банката“.
Инаку според податоците на веб страната на Уни Банка, во актуелниот состав на Надзорниот одбор се и Константин Арнаудов и Николај Драгомирецки, кои согласно ова соопштение не се изгласани за нови членови за идниот состав на НО.