УНИ Банка со зголемени приходи од камата
Заклучно со март 2014 година УНИ Банк оствари негативен финансиски резултат во износ од 23,8 милиони денари. Во услови на остварени повисоки вкупни приходи за 19,13% во однос на истиот период лани, загубата е резултат на оштетувањето на нефинансиските средства кое беше направено на 01.01.2014 година во износ од 47,2 милиони денари, а согласно измените во законската регулатива, информираат од Банката.
Нето каматните приходи како најзначаен елемент на нето банкарскиот приход во однос на март 2013 година се зголемени од 98,5 милиони денари на 118,1 милиони денари или за 19,9%.
Ефектите од креирањето на нови пакети на услуги и продукти , воведувањето на електронско банкарство, унапредувањето на е-трговија се одразија и во остварувањето на нето приходи од провизии и надоместоци во износ од 37,7 милиони денари што претставува зголемување од 14,7%, во однос на март 2013 година (32,8 милиони денари).
Административните расходи во март 2013 година достигнаа износ од 127,2 милиони денари, што значи намалување од 4,68% во однос на истиот период лани.
Слично
