Економија, финансии, бизнис

Контакт

УНИ БАНКА АГРЕСИВНО: Добивка од милион евра, зголемени депозити за една милијарда денари

УНИ БАНКА АГРЕСИВНО: Добивка од милион евра, зголемени депозити за една милијарда денари
Во првите шест месеци годинава оваа банка успеала да ги зголеми кредитирањата за една милијарда денари до износ од 9,2 милијарди денари. При тоа растеле и депозитите и заштедите и по тоа е единствена во однос на другите големи и средни банки кои одлучиле да ги намалат расходите за камати на заштеди и депозити и по цена да изгубат штедачи Уни банка на полугодие има добивка што надминува 1 милион евра, покажуваат официјалните податоци од полугодишниот биланс на успех. Во овој период банката е единствената во категоријата големи и средни банки која има раст на депозитната база, а има и солиден раст на кредитирањето во споредба со истиот период лани. Во првата половина од годинава нето приходите од камати изнесуваат 273,2 милиони денари што е за 35 милиони денари повеќе од истиот период лани. Споредбата на расходите за камати покажува дека оваа банка е исклучок од праксата што досега ја видовме анализриајќи ги билансите на другите банки. Имено тоа што кај другите беше правило односно што гледавме силен пад на расходите за камати , кај УНИ банка не е случај. Во периодот јануари-јуни расходите за камати се 89,7 милиони денари и тие се дури и повисоки за речиси еден милион денари во однос на истиот период лани. Значи оваа банка наспроти сите други кои удриле по каматите на депозитите и заштедите бележи благ раст на тие трошоци за камати на депозитите на нејзините клиенти и штедачи. Можеби токму тука, во таквата деловна политика, и да лежи одговорот на изненадувачката вест дека УНИ банка ги зголеми депозитите на други коминтенти за повеќе од 1 милијарда денари во услови кога кај сите други банки има намалување на депзозитната база. Во првата половина од годинава приходите од провизии и надоместоци изнесуваат 66,5 милиони денари и се за 3,5 милиони денари пониски од истиот период лани. И сега двете најважни работи кои ја издвојуваат УНИ банка од останатиот банкарски сектор. Силен раст на кредитирањето проследен од огромно намалување на резервациите и многу голема акумулација на пари во депозити и орочени влогови. Податоците покажуваат во споредба со првата половина на минатата година сега депозитите достигнале 10,85 милијарди денари и се повисоки за 1 милијарда денари (16,2 милиони евра) и бележат раст од речиси 10 отсто нешто со што друга банка и не може да се пофали. Наспроти тоа, очекувано, растат и кредитите пласирани во овој период на пазарот во земјава. На 30 јуни нивниот износ е 9,23 милијарди денари и се за 1,07 милијарди денари повеќе од кредитните пласмани во истиот период лани. Ова покажува дека УНИ банка во овој период агресивно и успешно настапила на пазарот. Дополнително што е многу важно да се истакне е тоа што во првата половина годинава резервациите се 2 милиони денари. Во истиот период лани тие изнесувале 100 милиони денари. Оваа огромна разлика е факт иако не ги знаеме причините за таа состојба и тие може само да се претпоставуваат. Можеби во овој период банката успеала да наплати огромно побарување и да ја ослободи резервацијата или пак го продала тоа побарување и ги ослободила средствата од резервацијата или резервациите. Р.Ф.
Слично

Поврзани вести