Економија, финансии, бизнис

Контакт

УНХЦР: Попоски вети дека границата нема да биде затворена!

УНХЦР: Попоски вети дека границата нема да биде затворена!

Високиот комесар за бегалци на ОН Антонио Гутереш разговарал денес со министерот за надворешни работи Никола Попоски, примајќи од него „уверение дека границите нема да бидат затворени“ , стои во денешното соопштение на УНХЦР.

Од оваа институција исто така ги повикаа грчките власти да обезбедат итна помош од својата страна на границата и да им помогнат да стигнат до објекти за прием на бегалци подалеку од границата со Македонија.

Во меѓувреме, бугарското министерство за одбрана соопшти дека е подготвено да ангажира свои сили на заштита на границата кон Грција и Македонија, како би бил спречен прилив на бегалци од тие правци.

„Во врска со комплицираната состојба во соседните земји и бранот на бегалци, министерството за одбрана ќе предлоќи конкретни мерки за да ги обезбеди државните граници заедно со министерството за внатрешни работи“, стои во соопштението на споменатото министерство.

Слично

Поврзани вести