Унгарско државјанство зеле 114,000 граѓани на Србија
Двојно унгарско државјанство досега добиле 114,000 граѓани на Србија од Војводина, изјавил државниот секретар задожен за национална политика во унгарската влада Јанош Потапи.
Како што пренесува „Војводина денес“, Потапи изјавил дека граѓаните на Војводина се 17 одсто од вкупно 670,000 унгарци од странство кои се стекнале со двојно државјанство во поедноставна процеудара и дале заклетва. Според неговите зборови, две третини од новите унгарски државјани се од Романија, а 14 одсто од Украина.
Како што изјавил Потапи севкупно се поднесени 710,000 барања за државјанство.
Слично
