Унгарските власти ставаат метална врата на железничката линија со Србија
Унгарските власти имаат намера да стават метална врата на железничката линијата на границата помеѓу Србија и Унгарија.
Железничката линија од Суботица до унгарскиот Сегедин се користи од бегалците и имигрантите за нелегално преминување на границата. Неодамна беше запрен железничкиот транспорт помеѓу Сегедин и Суботица.
Ставањето на металната врата е пракса за илегалните имигранти и нема тие повеќе да можат да влезат во земјата и ќе се постави повторно прашањето за обновување на железничката врска меѓу Србија и Унгарија.
Од почетокот на годината во Унгарија пристигнале над 150 000 луѓе, а во месец август беа регистрирани рекордни 50 000. На почетокот на јули владата на премиерот Виктор Орбан донесе одлука за изградба на ограда долга 175-километри долж границата со Србија.
