Економија, финансии, бизнис

Контакт

Унгарски инвеститори ќе го градат комплексот „Ера“ кај Скопски саем?

Унгарски инвеститори ќе го градат комплексот „Ера“ кај Скопски саем?
Унгарци ќе инвестираат заедено со словенечката групација „Ера“ во изградбата на комерцијално-деловниот комплекс „Ера сити“, кој е предвидено да се гради кај Скопски саем, пишува Дневник. Раководството на Скопски саем вели дека уште пред една година бил постигнат договор со компанијата „Три гранит“ од Унгарија, која заедно со словенечката групација „Ера“ ќе гради трговски центар и деловни згради. Kомплексот би се изградил за две години од добивањето на градежната дозвола. Површината за развој на проектот е 110.000 квадратни метри. Во моментот е при крај постапката за измената на деталниот урбанистички план во согласност со концептниот дизајн изработен од страна на компанијата „Три гранит“. Изградбата на „Ера сити“ почна на 1 февруари 2008 година кога беше поставен камен-темелник на деловната зграда со планирана површина од 33.600 квадратни метри. Вредноста на тогаш најавената инвестиција на групацијата „Ера“ беше 150 милиони евра. Од 2008 до крајот на 2011 година изградбата на деловниот комплекс беше ставена во мирување поради глобалната економска криза.
Слично

Поврзани вести