Унгарците заинтересирани за инвестиции во туризмот, земјоделството и финансискиот сектор
22 унгарски компании заинтересирани за инвестирање во туризмот, земјоделството и финансискиот сектор денеска ја посетија на Македонија за да се запознаат со можностите за инвестиции.
Пред почетокот на форумот министерот за економија Ваљон Сарачини потсети дека пред кризата Унгарија беше на високото второ место по инвестиции во Македонија.
„Целта на денешната средба е Република Унгарија повторно да се врати со инвестиции во Македонија. Ние сме тука да ги презентираме нашите можности, а радува фактот што покрај соработката на владино и институционално ниво, одлично се одвива и соработката на ниво на стопански комори“, изјави министерот.Стопанските комори на Македонија и Унгарија во февруари потпишаа меморандум за соработка. Унгарците и овојпат истакнаа дека сакаат да ја зацврстат својата позицијата на инвеститор во земјава.
„Имаме силна позиција како инвеститор во Македонија и би сакале да ја зацврстиме оваа позиција. Ја гледаме Република Македонија како важен партнер во надворешната трговија. Ние сме и силен поддржувач на евроинтегративните процеси на Македонија“, изјави на форумот државниот секретар за надворешни работи и меѓународни економски односи и копретседател на Унгарско-македонскиот деловен совет, Петер Сијарто.
