Економија, финансии, бизнис

Контакт

Унгарска компанија ќе прави 150 електрични автобуси за Македонија

Унгарска компанија ќе прави 150 електрични автобуси за Македонија

Унгарската компанија „Електробус – Икарус“ во партнерство со австриската „ЕВН“ е избрана за најповолен понудувач на јавниот повик за набавка на 150 електрични автобуси и 75 станици за полнење во Македонија.

Комисијата составена од стручни лица, по евалуацијата на четири пристигнати понуди, утврдила дека три економски оператори не ги исполнуваат условите од јавниот повик. Врз основа на анализата, направен е прелиминарен избор и поднесен предлог за избор на најповолен понудувач.

Заедничката понуда на „Икарус“ и „ЕВН“ ги исполнила сите технички и административни критериуми, при што понудена е и најниска цена – околу 19,35 милиони денари по автобус, односно приближно 314 илјади евра, што се оценува како конкурентна понуда на пазарот.

Согласно одлуката, „Икарус“ ќе биде задолжен за испорака на електричните автобуси, додека „ЕВН“ ќе ги реализира станиците за полнење.

Според техничките спецификации, автобусите треба да имаат максимална моќност од најмалку 300 kW, капацитет од минимум 66 патници и автоматски систем за ладење и греење. Дополнително, избраниот понудувач ќе има обврска да обезбеди одржување, сервис и резервни делови во период од 10 години по ставањето во употреба. Возилата треба да бидат усогласени со европската директива 2018/858.

Испораката ќе се реализира во неколку фази:

  • 30 автобуси и 15 станици за полнење во рок од 6 месеци
  • 60 автобуси и 30 станици во рок од 12 месеци
  • 60 автобуси и 30 станици во рок од 18 месеци

По донесувањето на одлуката, предвиден е рок од 10 дена за поднесување жалби.


Слично

Поврзани вести