Унгарија со свој конзулат во Битола
Утре во Битола ќе биде отворен 13-от почесен конзулат во тој град. Унгарија е земјата која ќе им се придружи на 12-те, веќе постоечки конзулати во овој град. На свечената церемонија ќе присуствуваат истакнати јавни личности од двете држави, а истата ќе се одржи во зградата на конзулатите на Широк Сокак во Битола, додека за почесен конзул на Унгарија во Република Македонија ќе биде промовиран Сашо Јанакиевски, бизнисмен од Битола. Од денот на независноста на Република Македонија во Битола почесни Конзулати отворија Франција, Турција, Велика Британија, Русија, Грција, Бугарија, Србија, Хрватска, Словенија, Романија, Црна Гора и Украина.
Слично
