Економија, финансии, бизнис

Контакт

Унгарија се огради со бодликава жица долга 175 километри

Унгарија се огради со бодликава жица долга 175 километри

Унгарската влада соопшти дека бодликавата жица долж границата со Србија е веќе поставена. Таа е долга 175 километри и поставена со цел да се спречи приливот на мигранти кои секојдневно влегуваат во земјата.

Зад жицата, во моментов Унгарија гради 4 метри висока ограда.

Инаку, унгарската влада вчера го предложи пред парламентот и новиот нацрт-закон со кој предвидува поостри казни за мигрантите и бегалците кои нелегално ќе ја минат државната границата.

Во нив се предвидува и три години казна затвор за мигрантите кои ќе бидат фатени како нелегално ја минуваат границата.

Слично

Поврзани вести