Унгарија прогласи вонредна состојба, ќе ги штити границите
Унгарија прогласи вонредна состојба поради имигрантите.
Унгарската Влада одлучи да го зголеми присуството на полицијата и армијата на границите, заради контрола на состојбата со мигрантите, соопшти министерот за внатрешни работи Шандор Пинтер.
„Унгарија ќе ја зајакне безбедноста на своите граници. Ние објавуваме вонредна состојба за целата држава поради мигрантската криза", изјави министерот.
Властите соопштија дека почнале подготвителни работи за да се огради границата со Романија.
Овие чекори се преземаат откако соседните Хрватска, Словенија и Србија воведоа нови рестриктивни мерки поврзани со приливот на мигранти.
Во меѓувреме два ферибота со околу 700 бегалци пристигнаа на грчкото пристаниште Пиреја. Според пристанишните власти на Пиреја во моментов се сместени 3070 бегалци, а многу шатори се поставени во околината на пристаништето.
Слично
