Економија, финансии, бизнис

Контакт

Унгарија ќе и чува гасни резерви на Србија за следната зима

Унгарија ќе и чува гасни резерви на Србија за следната зима

Унгарија се договори со Србија за текот на претстојната зима да складира 500 милиони кубни метри гас како резерва.

Ова го потврди српскиот министер за финансии Синиша Мали во Будимпешта, по средбата со унгарскиот министер за надворешни работи и трговија Петер Сијартo, 

Според договорот, Србија ќе може да повлече три милиони кубни метри дневно од унгарските складишта во октомври и март, како и по шест милиони кубни метри дневно во ноември, декември и јануари.

Сијарто додаде дека Унгарија има огромен капацитет за складирање и дека денешните договори се доказ за стратешкото пријателство меѓу двете земји.

- Гасот за нашиот сосед ќе го складираме за следната зима, бидејќи имаме повеќе од шест милијарди кубни метри складишен капацитет. Нема да го поддржиме предлогот на Европската унија за нафтено ембарго кон Русија додека не се најде решение кое ќе ја гарантира енергетската безбедност на Унгарија, изјави Сијарто.



Слично

Поврзани вести