Економија, финансии, бизнис

Контакт

Унгарија ќе постави ограда и на границата со Хрватска

Унгарија ќе постави ограда и на границата со Хрватска

Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан предупреди дека Унгарија ќе изгради ограда по границата и со Хрватска, ако протокот на имигранти се насочи оттаму, пренесоа агенциите. Земјата веќе ja изгради предвремено оградата долж границата со Србија.

Од 15 септември, пак, ќе биде формиран нов систем за контрола на границата, во кој ќе се вклучи и војската. „Ќе донесеме измени во законите и во Кривичниот законик и ќе ја привлечеме армијата во обезбедувањето на границата“, изјавил Орбан.

Тој потсети дека повеќето од мигрантите не се од зони на воени конфликти. Според него не е можно да биде пропуштање на секој мигрант во Европа, бидејќи тоа ќе биде крај на Европа.

Според ДПА унгарскиот парламент ќе гласа денеска за законите поврзани со присуството на армијата на границата.

Слично

Поврзани вести